Пребарувај по датум:
2008-12-21

Дисеминација за пензионери

Клубот на пензионерите „Јане Сандански” Аеродром се почесто е место на средби на пензионерите со најразлични содржини од кои во прв ред се културно-забавните, литературни и информативните.

Во рамките на традиционално добрата соработка  и ново потпишаниот договор за соработка помеѓу Црвениот крст и Здружението на пензионери, на 10 декември 2008 година се одржа Дисеминациска сесија за пензионерите во Клубот.
Сесијата според свој редовен план ја организираше Активот на жените пензионерки. Во присуство на педесетина пензионери, дисеминациската сесија ја реализираше стручниот соработник во Црвен крст на Град Скопје. Сесијата претставуваше  композиција од воведно предавање поддржано со видео презентации и филмувани стории, и ги предизвика слушателите на интерактивно учество во сесијата. Пензионерите зборуваа за своето волонтерско искуство во младоста. Зборуваа за големата потреба од зајакнување на Движењето на Црвениот крст насекаде низ светот, а дел од нив предложија иницирање  нови целни предавања за оспособување за намалување на ризиците од модерните закани и катастрофи. Сите присутни пензионери топло се заблогадарија за соработката со Црвениот крст на Град Скопје, со желби за продолжување и продлабочување на истата.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.