2020-03-02
Дисеминација за лични асистенти
Во рамки на програмата за обуки за Личен асистент на лица со попреченост при Црвен крст на Република Северна Македонија-Црвен крст на град Скопје, 23 учесници на обуката имаа можност да следат дисеминациска сесија и да се стекнат со поголеми знаења за движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, основните принципи но и воопшто да добијат поширока слика за организацијата во рамки на која ја следат обуката.
По завршување на обуката, учесниците ќе се стекнат со сертификат за личен асистент и ќе имаат можност да ја испорачуваат услугата на терен опслужувајки максимум 2 корисници со попреченост.
Преку Црвениот крст на град Скопје се ангажирани 23 лиценцирани лични асистенти кои опслужуваат 31 корисник.