2024-02-28
Дисеминација за лица во трето доба
На 27 февруари во рамките на социјалниот сервис „Дневни центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” се реализираше дисеминација за корисниците од Дневниот центар за стари лица во ДХО “Даре Џамбаз”.
На работилницата присуствуваа 20 корисници и се запознаа со историјатот на организацијата, принципите, Женевските конвенции, улогата на основоположникот Анри Динан, правилна употреба на амблемот, почитување на истиот како и етичкиот кодекс за волонтерите и професионалците.
Целта на оваа активност е од едукативно значење за лицата во трето доба, бидејќи како волонтери, но и корисници на услугите во Црвениот крст на град Скопје, важно е да ја знаат улогата и мисијата на организацијата во општеството.