2020-01-24
Дисеминација за корисниците од Дневниот Центар “Пролет”
Во рамки на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” се реализираше дисеминациска сесија за сите корисници кои го посетуваат дневниот центар.
На обуката која беше поразлична од останатите и приспособена баш за оваа категорија на лица, присуствуваа 6 корисници и истите имаа можност подобро да се запознаат со значењето на Црвениот крст и работата на Црвениот крст.
Дневниот Центар преку организирање на креативни работилници и едукации има за цел социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во општеството.
Дневниот центар “Пролет ” активно работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, со локација на ул. Пролет бр. 39, до Веро Џамбо