Дисеминација за 340 студенти од Медицински и Стоматолошки факултет
Црвен крст на град Скопје, традиционално, во рамките на теренска настава по предметот Социјална медицина спроведува дисеминациска обука на студентите од Медицински и Стоматолошки факултет.
Така и овој период, месец декември 2006 и јануари 2007 година, студентите од ЏИ и И кредит трансфер систем семестер ја поминаа обукаата, се запознаа со Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и се запознаа со активностите ,работата и структурата на Црвениот крст на Р.Македонија. Акцентот беше ставен на историјатот, амблемот, Женевските конвенции и принципите на Црвениот крст, но и активностите коишто ги работи Црвениот крст на Р.Македонија, затоа што идните лекари и стоматолози се потенцијални волонтери во организацијата.
Вкупниот број на студенти кои ја поминаа обуката, организирани во 9 мини работилници изнесуваше 340. Извршената евалуација пред и по обуката, говори за потребата од едукација на овој профил слушатели.
Заради добрата соработка со факултетот како и нивното задоволство од начинот на организирање на сесиите од страна на Црвен крст на град Скопје, активноста ќе продолжи и во иднина, бидејќи идните лекари се и една од целните групи на Движењето на Црвен крст.