2024-11-20
Десиминациска сесија
На 1 ноември се реализираше online десиминациска сесија наменета за психолозите кои се дел од обуките за психолошко советување во рамки на Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка. Целта на десиминациската сесија е сензибилизација на психолозите во тренинг за движењето на Црвениот крст, мисијата, идејата, принципите и областите на дејствување, се со цел унифицираност на пристапот на Црвениот крст во програмите.
На 21 ноември во просториите на Домот на Хуманитарни Организации ,,Даре Џамбаз’’ беше реализирана десиминациска сесија со физичко присуство.
Вкупно 22 психолози беа дел од двете десиминациски сесии и имаа можност подетално да се запознаат со движењето на Црвениот крст.