2008-05-09
ДЕСЕТ НОВИ ОСПОСОБЕНИ КАДРИ ЗА ВОДА И САНИТАЦИЈА
Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Австрискиот Црвен крст од 1 до 8 мај организираше регионален тренинг- курс за вода и санитација во Мариово.
Општинските тимот за одговор при катастрофи се здобија со по два обучени волонтери за вода и санитација.
Тренинг курсот се реализираше преку теоретскиот и практичниот дел што значеше прочистување на загадена вода. Секој учесник на крајот доби сертификат за здобиената едукација.
Тимот за логистика од ЕОК на ЦКРМ ја подигна Шаторската населба каде беа сместени слушателите и ја подготвуваа исхраната за сите осум дена во подвижната кујна.
Тимот за вода и санитација се вклучија кака инструктори во оспособувањето на новите членови.