2019-09-18
Ден на граѓанските организации
Црвен крст на град Скопје заедно со општинските организации на територија на град Скопје беа дел од Фестивалот на Цивика мобилитас ,,Ден на граѓанските организации’’ кој се одржа во паркот Ибни Пајко.
На истиот се промовираше кампањата “Твоето незнаење чини живот”. Oбучени волонтери на Црвен крст им покажуваа на посетителите како правилно да укажат Прва помош во случај на незгода. На настанот се делеа и прмотивни материјали со цел подигнување на свеста кај граѓаните за важноста на првата помош.