Ден на гладта 16 Октомври
Црвениот крст на град Скопје во соработка со 5-те ООЦК на територија на наШиот град традиционално се вклучува во одбележувањето на 16 Октомври, ден на борба против гладот.
Во рамките на овие активности за истиот ден (16.10.2008 четврток) се поставија мали Штандови на три локации во градот и тоа во ГТЦ (во периодот од 12:00-20:00 часот) и ТЦ Лептокарија (во периодот од 17:00-21:00 часот) и ТЦ Бисер (18:00-20:00 часот). Пункт е поставен и во гимназијата НОВА.
На истите се продаваа Шољи и вредносни бонови наменски изработени за потребите на кампањата. Носители на оваа активност се младите.
Средствата собрани од овие пунктови Ќе се наменат за изготвување на пакети со прехрамбени продукти за зимскиот период за социјално загрозени семејства, во координација со ООЦК.
Кампањата, како и начините на донирање за поддрШка на истата беа промовирани и преку сите пиШани и електронски медиуми.
На овој начин се надеваме дека Ќе ги ублажиме потребите на социјално загрозените семејства за зимскиот период и Ќе потсетиме за проблемите со гладот кои се уШте постојат речиси насекаде во светот.