Пребарувај по датум:
2023-02-23

Дебрифинг сесии за лица вклучени во спасувачката мисија во Турција и Сирија

Црвениот крст на град Скопје на иницијатива на Дирекцијата за заштита и спасување и во соработка со Комората на Психолози на 16.02.2023  и 21.02.2023 организираше 5 дебрифинг сесии наменети за пожарникарите и специјализираните тимови на Дирекција за заштита и спасување кои учествуваа во спасувачката акција по катастрофалниот земјотрес кои ги погоди Турција и Сирија. Дебрифингот е психолошка интервенција која се администрира веднаш после преживеана траума. Таа е соодветен и брз одговор на криза и има за цел да ја намали трауматизацијата од преживеаниот настан. Лиценцирани психолози од Комората на Психолози и Црвениот крст спроведоа дебрифинг сесии со вкупно 44 спасители во просториите на ДЗС во Скопје, Тетово, Штип, Велес и во Црвениот крст на Струмица. Благодарност до сите инволвирани институции за покажаната грижа за менталното здравје на спасителите по овој катастрофален настан. Вкупно 65 лица беа ангажирани за реализација на оваа активност, вклучувајќи 13 лиценцирани психолози од Комора на Психолози и Црвениот крст, 2 возачи од Црвениот крст на град Скопје, 6 одговорни лица од Дирекција за Заштита и спасување и 44 спасители. Црвениот крст останува отворен за соработка и е во контакт со релевантните институции за реализација на дополнителни дебрфинг средби и со останатите тимови кои пристигнаа во земјава. Благодарни сме на спасителите за покажаната хуманост и храброст онаму каде е потребна.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.