Дајте и втора шанса на вашата облека
На територија на градот Скопје постојат 8 контејнери за облека. Граѓаните во секое време може да ја остават облеката во контејнерите, а истата потребно е да биде чиста и функционална. Донираната облека потоа се превзема од страна на 5-те Општински организации кои функционират во Скопје. Облеката се сортира и се дистрибуира на целните групи со кои работиме. Поголемиот дел од облека оди во пунктот за облека на Црвен крст, кој се наоѓа на Булевар Кочо Рацин бр. 13. Граѓаните кои имаат потреба од облека се обраќаат во Црвен крст, добиваат ваучер за облека и потоа сами ја избираат облеката која им се допаѓа и секако која им е потребна. Големи количини облека преку овој сиситемски начин им се поделени на поплавените семејствата од скопскиот регион.