Да споделиме радост
Новогодишните празници се голема радост за најмладите, а токму преку донацијата на новогодишни пакетчиња во рамките на акцијата Да споделиме радост
поддржана од ЕВН Македонија, внесовме радост и топлина кај повеќе дечиња.
На територија на град Скопје доделувањето на новогодишните пакетчиња беше на 29.12 во просториите на ДХО Даре Џамбаз (сала 1).
На настанот беа присутни децата од Сојузот на глуви, специјалното училиште за лица со оштетен слух Партениј Зографски, децата ромчиња од дневниот центар Ш. Оризари, децата од интернатот Љубанци (бездомници) , децата од интернатот Чичино село, децата со вродени срцевосадови заболувања.
За самото случување театарската група на актерката Снежана Коневска Руси, изведе детска Новогодишна претстава со Дедо Мраз, а на самиот крај пристигна и Дедо Мраз кој ги додели пакетчињата.
Со ова донација беа опфатени 200 деца.