Пребарувај по датум:
2019-12-23

„Да споделиме радост“

Да бидеме подготвени

Водени од идејата дека секој човек, особено дете треба да ја почувствува празничната атмосфера за  време на новогодишните празници ЕВН и Црвениот крст организираа хуманитарни настани под мото: „Да споделиме радост“. ЕВН донираше  500 новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост од  Скопје, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Кичево и Штип.

Централниот настан се одржа во Скопје каде за 200 децата беше организирана новогодишна претстава подготвена од актерската екипа на Снежана Коневска Руси, забава и дружење со волонтерите на Црвен крст за најмладите од повеќе иституции, дневни центри и семејства во социјален ризик, бездомни лица.

Настанот се реализираше на 23 декември во салата на ДХО Даре Џамбаз каде заеднички им ги разубавивме новогодишните празници на оние кои имаат потреба од дополнителна помош и поддршка за да ги доживеат весело престојните празници.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.