„Да споделиме радост“
Водени од идејата дека секој човек, особено дете треба да ја почувствува празничната атмосфера за време на новогодишните празници ЕВН и Црвениот крст организираа хуманитарни настани под мото: „Да споделиме радост“. ЕВН донираше 500 новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост од Скопје, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Кичево и Штип.
Централниот настан се одржа во Скопје каде за 200 децата беше организирана новогодишна претстава подготвена од актерската екипа на Снежана Коневска Руси, забава и дружење со волонтерите на Црвен крст за најмладите од повеќе иституции, дневни центри и семејства во социјален ризик, бездомни лица.
Настанот се реализираше на 23 декември во салата на ДХО Даре Џамбаз каде заеднички им ги разубавивме новогодишните празници на оние кои имаат потреба од дополнителна помош и поддршка за да ги доживеат весело престојните празници.