„Да споделиме радост“
„Да споделиме радост“
Заедничка хуманитарна акција на ЕВН Македонија и Црвен крст
Црвениот крст на Република Македонија во соработка и со поддршка на ЕВН Македонија и оваа година по шести пат организираше заедничка хуманитарна акција „Да споделиме радост“.
Црвениот крст на град Скопје, на 28.12.2016 год. организираше заеднички Новогодишен настан за 150 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства во просториите на Кинотека на Македонија. За сите нив Кинотеката овозможи кино проекција на 3Д анимиран филм, наменет токму за нив.
За комплетна дружба и предновогодишна радост на децата се погрижи и Дедо Мраз кој заедно со претставниците на ЕВН Македонија, Црвен крст на град Скопје и волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје, ги доделија слатките подароци-пакетчиња.
{gallery}front-page/radost{/gallery}