2023-04-20
Да бидеме подготвени
Црвениот крст на град Скопје на барање на компанијата Телеперформанц спроведе симулациона вежба “Евакуација на персонал во случај на земјотрес”.
Во реализацијата на оваа активност, свој придонес дадоа волонтерите од Тимoт за одговор при катастрофи со два тима кои симулираа пребарување, спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во самата работна организација како и спроведување на интерниот план за заштита и спасување од елементарна непогода.