Пребарувај по датум:
2020-03-25

Црвениот крст на град Скопје во соработка со Државна Лотарија на Република Северна Македонија со хуманитарна помош за лицата во трето доба за превенција од КОВИД-19

Започнувајќи од денес 24.03.2020 (вторник) Црвен крст на град Скопје со финансиска поддршка од Државна Лотарија на Република Северна Македонија ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба.

Преку активностите ќе бидат опфатени лица од најранливата група граѓани, на возраст над 60 години од територијата на град Скопје, но и други градови каде Црвен крст работи директно со немоќните и повозрасни лица.

Донацијата од Државна лотарија е во висина од 700.000 денари со што се набавени и подготвени сетови на хигиенски средства како: гел за дезинфекција на раце; средство за дезинфицирање на домот; антибактериски влажни марамчиња и сл., како и маски и ракавици за превенција. Исто така, изработен е и се дистрибуира едукативен леток за заштита од КОВИД-19 (коронавирус), што ќе се дели со сетовите, но и на терен меѓу најзагрозените категории граѓани коишто немаат пристап до интернет и редовно информирање.

Оваа акција е уште една во редот акции на Црвен крст поддржани од Државна лотарија. Овој пат целта на заедничката соработка е да се помогне на најранливите категории граѓани односно лицата во трето доба кои се високо ризична категорија на граѓани. Со оваа активност ќе бидат опфатени повеќе од 2000 лица на територија на градот Скопје и други градови, согласно приоритетите на листата на Црвен крст.

Изразуваме благодарност до тимот на Државна лотарија, коишто и со оваа донација ја потврдија својата општествена одговорност и порачаа дека најголемата среќа е човековото здравје, а во борбата за здравјето треба да сме единствени.

Со почит,

Црвен крст на град Скопје

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.