Пребарувај по датум:
2008-07-26

ЦРВЕНИОТ КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ СЕКОЈДНЕВНО ВО АКЦИЈА

ЦРВЕНИОТ КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ СЕКОЈДНЕВНО ВО АКЦИЈА

Црвениот крст на Скопје навреме ги направи сите подготовки за дејствување при високи температури.  Мобилните екипи на Црвениот крст на град Скопје беа присутни по улиците каде се движат голем број на луѓе, автобуските постројки, пред здравствените установи, пазарите и сл.

Тие на граѓаните им делеа флаери како да се заштитат од високите температури (поделени 3 500 флаери),  минерална негазирана вода (1 100 шишиња), а на голем број наши сограѓани мереа крвен притисок. Посебно се грижеа за старите и изнемоштените лица кои се нашле на улица. Во секоја од мобилните екипи имаше и лекар.

Во изминатите денови голем беше интересот на средствата за јавно информирање за активностите на Црвениот крст, па често бевме присутни како во пишаните медиуми така и во електронските медиуми. Со ова помогнавме за навремено и точно информирање на сите наши граѓани за полесно справување со високите температури кои ја зафатија нашата земја. Активностите на овој план продолжуваат и понатаму. Мобилните екипи ќе бидат на терен доколку тоа го бараат временските услови.

Нашето внимание посебно ќе биде насочено и кон информирање на граѓаните како да се заштитиме од шумските пожари кои претставуваат голема закана во овој период од годината, и совети за безбеден престој во планина во летниот период, со акцент на парк шумата Водно, за што е изготвен информативно пропаганден материјал – флаер кој е дистрибуиран меѓу граѓаните на Скопје.
На овој начин уште еднаш се вклучуваме со наш придонес во ублажување на состојбите на терен кои секако претставуваат голема закана за нашето опкружување.a

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.