Црвениот крст на град Скопје се вклучи во спасување на давеници во р.Вардар
На 23.04.2015на Кејот на река Вардар н.Аеродром се одржа вежба за справување со поплави во урбана зона.
Вежбата “Вардар 2015” е во рамките на програмата на Европската комисија за цивилна заштита и хуманитарна помош и е во организација на градот Скопје, кој воедно е и партнер на проект за зајакнување на локалните капацитети за справување со поплави АХЕЛУС.
Со вежбата раководеше Штабот за заштита и спасување и учество зедоа сите јавни претпријатија, ЦК на град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита, РЦУК, УХМР, ЕЛЕМ, МВР и Итна медицинска помош.
Црвениот крст на вежбата зеде учество со 25 волонтери кои беа распеделени кои има задача да формират Тријажни центри, екипи за прифат на повредените, медицински тим кои беше дирекно вклучен во спасителните акции и тим од спасители кои беа во улога на загрозени лица.
За ова потреба од наша страна беа вклучени еден чамец, едно амбулантно возило и две теренски возила.