2021-11-10
Црвениот крст на град Скопје отвори СОС телефонска линија за поддршка на КОВИД-19 вакцинацијата кај постарата популација
На оваа линија постаратa популација има можност да разговара со доктори од ЦКГС и да се информира за прашања поврзани со КОВИД-19 вакцинацијата, најчести митови и дезинформации поврзани со вакцините, како и да се едуцира за важноста и значењето на КОВИД-19 вакцините.
Линијата е отворена секој работен ден од Понеделник – Петок од 08-17 часот.