Црвен крст со здравствена и хуманитарна помош за мигрантите
Црвен крст на град Скопје во соработка со Високиот комесаријат на бегалци при Обединетите Нации (UNHCR) во рамките на програмата за поддршка на мигрантите кои транзитираат во Р. Македонија реализира активности кои се насочени кон намалување на ранливоста и ублажувања на страдањата на овие лица.
Во Прифатиниот центар за странци на МВР, Црвениот крст на град Скопје менаџира со здравствена единица каде се дава примарна здравствена заштита, лекови и транспорт до секундарно и терцијарно ниво на повеќе од 600 лица месечно.
Овде лицата покрај здравствената заштита од Црвениот крст добиваат и храна, хигиена, облека и други непрехрамбени производи. Со цел да се помогне и на лицата кои секојдневно масовно мигрираат на територијата на Р. Македонија формиран е мобилен тим составен од доктор, медицинска сестра и возач кои укажуваат прва помош на повредени и изнемоштени лица и делат вода и храна.
На дневна основа се укажува помош на 100тина лица идентификувани на територијата на градовите Скопје, Велес, Неготино и Демир Капија