ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ И ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАА СВОЈАТА СОРАБОТКА
На 05ти Јуни оваа година во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ официјално започнуваат активностите кои Здравствениот Дом Скопје и Црвен крст на град Скопје заеднички ги зацртаа со потпишувањето на Меморадумот за соработка кој се случи минатата недела.
Првата активност е посветена на пензионерите и истата предвидува континуирани здравствено-превентивни мерења за оваа ранлива категорија кои ќе се организираат во Дненвиот центар за стари лица во ДХО Даре Џамбаз и ООЦК Чаир секоја прва среда и четврток во месецот во период од една година.
Корисниците во тие денови во периодот од 08-11 часот ќе имаат можност да го прверат нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и да добијат антропометриски мерења како и совет од тим на медициснки персонал составен од доктор, лаборант и медицинска сестра.
За дополнителни информации секој заинтересиран може да се јави во простроиите на Дневниот центар за стари лица на 3228 -347.