ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ И ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МЕКЕДОНИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД
ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ И ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МЕКЕДОНИЈА
ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД
Црвен крст на град Скопје во соработка со Државна Лотарија на Македонија организира акција за прибрање на средства за набавка на звучни апаратчиња за мерење на шеќер во крвта за децата со оштетен вид. Преку игрите на среќа граѓаните на поставениот штанд на плоштадот Македонија можат да донираат за оваа цел. Преку оваа активност се прави и подигање на јавната свест во делот на здравствената превенција и т.н. “шеќерна“ болест а, во рамките на кампањата на ЦКГС – Животот е убав под 7. За поддршка на акцијата сите заинтересирани можат да се вклучат до 15ти ноември од 10-17ч на плоштадот Македонија каде волонтерите на Клуб на млади на ЦКГС информираат за акцијата.