Пребарувај по датум:
2018-11-14

Црвен крст на град Скопје и Алкалоид АД Скопје добитници на награда ОКО

Црвен крст на град Скопје и Алкалоид АД Скопје добитници на награда ОКО

Здружението HORUS Macedonia на 26 октомври, на свечен настан во х. Континентал – Скопје, ги додели годишните Награди за филантропија ОКО за 2017 година.

Оваа година, Црвен Крст на град Скопје и Алкалоид АД Скопје се добитници на ОКО – во категоријата Специјална награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор. Наградата дојде како резултат на долгогодишното партнерство помеѓу двата субјекти, поддршката на Алкалоид АД Скопје во програмските и проектни активности на Црвен крст на град Скопје, како пример за општествено одговорна компанија. Во обраќањето пред присутните, секретарот на Црвен крст на град Скопје Сузана Т. Пауновска, истакна дека наградата е значајно признание, поттик за понатамошно партнерство, како и мотивација за идни заеднички иницијативи.

Цел на Наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата и културата на донирање во Р. Македонија.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.