Црвен крст на град Скопје и Алкалоид АД Скопје добитници на награда ОКО
Здружението HORUS Macedonia на 26 октомври, на свечен настан во х. Континентал – Скопје, ги додели годишните Награди за филантропија ОКО за 2017 година.
Оваа година, Црвен Крст на град Скопје и Алкалоид АД Скопје се добитници на ОКО – во категоријата Специјална награда за воспоставено долгорочно-стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор. Наградата дојде како резултат на долгогодишното партнерство помеѓу двата субјекти, поддршката на Алкалоид АД Скопје во програмските и проектни активности на Црвен крст на град Скопје, како пример за општествено одговорна компанија. Во обраќањето пред присутните, секретарот на Црвен крст на град Скопје Сузана Т. Пауновска, истакна дека наградата е значајно признание, поттик за понатамошно партнерство, како и мотивација за идни заеднички иницијативи.
Цел на Наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата и културата на донирање во Р. Македонија.