Пребарувај по датум:
2007-04-21

ЦКА-ПХВ со нов старт

И еве не повторно на почетокот на една нова школска година, а со тоа и на почетокот на уште еден нов ЦКА-ПХВ циклус. И оваа година, исто како и во минатата, во имплементацијата на проектот ни се придружуваат голем број на млади луѓе од сите ООЦК во Македонија. Во текот на овој циклус ќе бидат реализирани четири редовни работилници, две во есенскиот период и две во пролетниот период, и една финална работилница во почетокот на месец мај како заокружување на сето она што заеднички ќе го постигнеме во циклусот кој ни претстои.

Традиционално, и оваа година, циклусот го започнавме со подготвителната работилница за ЦКА-ПХВ инструктори која се одржа од 26 до 28 Октомври во Струга. Во текот на овој викенд нашите инструктори работеа на изготвување на агендата на активности во текот на овој циклус, ги спремаа теренските посети за одржување на часовите Вовед во ЦКА-ПХВ модел за дисеминација, ги избраа своите нови претставници во координативното тело и го збогатија својот ЦКА-ПХВ колегиум со уште два нови коинструктори, избрани во текот на минатиот циклус. Како гостин на оваа работилница на се придружи и г-динот Матијас Вајнрајх кој е шеф на делегацијата на МКЦК во Скопје.
Во тек се одржувањата на теренските часови Вовед, кои започнаа од 1 ноември, по сите ООЦК вклучени во есенските работилници.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.