ЦКА-ПХВ проекти Црвен крст на град Скопје
Волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје, како дел од Националниот проект на Црвен Крст на Република Македониja – ЦКА ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности), изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во која живееме.
Прават мали, но големи нешта… реновираат домови на социјално загрозени семејства, помагаат на болни деца, овозможуваат социјализација и дружење на лица со посебни потреби и сл.
Младите волонтери, поттикнати од реалните потреби на заедницата во која живееме, реализираа мали ЦКА ПХВ проекти преку кои помагаме на 5 социјално ранливи семејства и дневен центар за деца од улица . Низ изминатите месеци реализирани беа хуманитарни концерти, забава, хуманитарна претстава, собирни акции, донации од фирми и компании со цел помош и подршка онаму каде што е потребно.
И овогодинешниот циклус за волонтерите од клуб на млади е одлична алатка за нивно регрутирање во рамките на организацијата како и мотивација за понатамошно активирање во рамките на Црвениот крст на град Скопје. Волонтерите преку активностите на терен научија повеќе за потребите на заедницата, променија многу нешта во неа, но направија промена и во нивната дневна рутина и прераснаа во свесни млади личности.