Пребарувај по датум:
2008-03-01

ЦКА-ПХВ имплементација во Босна и Херцеговина

ЦКА-ПХВ освои уште една земја. Во периодот од 14 до 25 Февруари беше започната имплементацијата на ЦКА-ПХВ проектот во Босна и Херцеговина. Во текот на почетната фаза направена е посета на седум ООЦК :Брчко, Луковац, Орашје, Модрича, Фоча, Горажде и Требиње, во кои беа направени еднодневни ЦКА-ПХВ работилници. На секоја работилница беа присутни по 30 младинци.

За разлика од досегашниот пристап во кој во ООЦК се оддржува само часот “Вовед” преку кој се бираат младинци за редовна работилница во овој модел младите луѓе поминуваат низ сесии за дисеминација, проценки за потребите на заедницата, како се изработува мал проект и како се документира истиот, истиот модел како во Република Албанија.
Токму заради ова, пакетот претставува и нов модел со нов пристап за работа во ЦКА-ПХВ, бидејќи преку овој начин на работа обуката целосно се спроведува на терен, во самата ООЦК. Потоа младинците треба да ги стават новостекнатите знаења во акција и да изработат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат. Авторите на најдобрите и најуспешните проекти потоа ќе бидат поканети на финална работилница. Со ова на сите младинци им е пружена еднаква шанса, а од самите нив зависи колку ќе искористат и колку ќе добијат.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.