Пребарувај по датум:
2021-06-14

Честит 14 jуни, Светски ден на крводарителство – „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи“

Пристапот до безбедна крв за сите оние кои имаат потреба, и понатаму останува највисок императив на земјите во светот, па и кај нас.  Оваа година, под мотото „ Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи“ го одбележуваме 14 jуни, Светскиот ден на крводарителство. Пораката го потенцира суштинскиот придонес што го даваат дарителите на крв во одржување на „пулсирачкиот свет“, спасувајќи животи и подобрувајќи го здравјето на другите.
Честит 14 jуни, Светски ден на крводарителство
„Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи“

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.