2023-04-05
Часови по англиски јазик во дневен центар за стари лица
Во рамки на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје во месечната програма на активности за месец април се воведе и нова активност крус по англиски јазик.
Корисниците од дневниот центар во ДХО ,,Даре Џамбаз’’ секој понеделник поделени во две групи ќе имаат можност да ги следат часовите по англиски јазик со Проф. Лаура Салиу.
Со овие активност лицата во трето доба го подобруваат степенот на едукација. Тие се пример дека никогаш не е доцна да се учи и унапредува во тоа што се сака.