Биди причина за нечија насмевка
Под мотото ,,Биди причина за нечија насмевка’’волонтерите на Црвен крст на град Скопје и 5-те Општински организации на Црвен крст на територија на град Скопје од 1-7 октомври со низа активности ја одбележаа неделата на млади.
Во рамки на истата се организираше централен настан во просториите на Public room кој претставуваше Црвена зона со акцент на активности наменети за младата популација. Преку неколкуте катчиња за ментално здравје, креативна инклузија, прва помош, друштвени игри и катче жива библиотека на кое се претставија неколку инспиративни волонтерски приказни, се промовираа клучните аспекти на младинското работење, но и забавата, дружбата и незаборавните моменти кои се пропратни во континуираните активности.
Одбележување на неделата е со цел да се поттикнат младите за општествена одговорност и нивно регрутирање во организацијата.