Пребарувај по датум:
2007-03-14

Безбедност во сообраќајот 22.04-29.04.2007

За првпат Црвен крст на град Скопје беше дел од националната кампања Безбедност во сообраќајот како институција која со своите материјални и човечки капацитети може, а и сака да даде свој придонес во реализација на истата.

Целта на кампањата беше едукација за сообраќајна култура со акцент на подигање на нивото на безбедноста на учесниците во сообраќајот со посебен осврт на улога на Црвениот крст. Под мото: Внимавај!Улицата има свои правила. Но за подцели ни беа зацртани промовирање на активности на Црвен крст како зајакнување на соработката со другите институции надлежни за проблематиката (Министерство за внатрешни работи и службата за брза помош).
За таа цел ги организиравме следните активности:
1. Симулативна вежба во центарот на градот на која се демонстрираше пружање на прва помош, истата се оддржа на плоштадот Пела во центарот на градот;
2. Предавање за младите од клубот за сообраќајните незгоди-презентација изработена од страна на Полицијата;
3. Предавања по основни училишта, безбедноста во сообраќајот како и основни насоки за првата помош во соработка со ООЦК на град Скопје;
4. Изработка на рефлектирачки беџеви за безбедност во сообраќајот наменети на горе наведените целни групи;
5. Изработка на мини едукативни памфлети за културата во сообраќајот, заштита на сопствениот живот и начини на кои секој може да помогне во случај на несреќа;

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.