Пребарувај по датум:
2023-02-17

Бесплатните стоматолошки услуги за ранливи категории корисници

Соработката помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија- Црвен крст на град Скопје и Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје- Стоматолошки факултет, во делот бесплатните стоматолошки услуги за ранливи категории корисници, продолжува и оваа година.

Граѓаните кои имаа потреба од ваков тип интервенции/услуги може да се јават на телефонскиот број 02/3139-578 (Црвен крст на град Скопје)

Бесплатните прегледи/интервенции се реализираат од страна на студентите на факултетот, за време на практичната настава, а под наздор на наставниот кадар.

*Во 2022 година, реализирани беа 783 бесплатните стоматолошки услуги за ранливи категории корисници и тоа лица во трето доба, бездомни лица и лица во социјален ризик.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.