Пребарувај по датум:
2025-06-30

Активности за справување со топлотен бран

Мобилните екипи на Црвениот крст на град Скопје, согласно акциониот план и препораките на надлежните институции за справување со топлотни бранови, во текот на изминатата  недела 25-27 Јуни  дејстуваа  на терен.

 👉 Екипите составени од лекар или парамедик  патролираа низ градот Скопје, дистрибуираа вода, се мереше притисок на граѓаните кои се пожалиле  на тегоби.

 👉 За активностите  во овој период, ангажирани беа 24 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи и  волонтери во ООЦК и професионално ангажирани лица, поделени во 8 тима, со 3 возила кои на дневна основа патролираа низ градот и тоа во периодот од 11:00-16:00 часот и поделија над 1700 шишиња флаширана  вода.

 👉 Тимовите патролираа низ централното градско подрачје, на поголемите автобуски постојки, пазари и здравствени установи . 

👉 Во пунктот за бездомници во Момин Поток отворен е телефонот 071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.

 Активностите е во рамките на Акциониот план на Црвениот крст на РСМ за спрвување на штетите од топлотниот бран.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.