Пребарувај по датум:
2023-07-13

Активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на град Скопје при топлотен бран

Црвен крст на град Скопје,  со низа активности, се вклучуваво намалување на последиците од топлотните бранови со цел намалување на ранливоста на населението и подигањена свеста за навремено превенирање на последиците одвисоките температури.

Во рамките на теренските активности, 15 обучени волонтери на територија на град Скопје со 3 возила на Црвениот ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот (автобуски постојки, амбуланти, пазари…) во работните денови 13-14 јули, 17-18 јули. Обучените волонтери ќе дистрибуираат информативни материјали/флаери со совети за заштита од топлотен бран, ќе поделат шишиња вода, по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок, а во интервентни случаи тимовите ќе вршат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови.
Во насока на грижата за здравствената и психофизичката состојба на бездомниците во градот Скопје, како една од најранливите категории граѓани,  во Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток на располагање е мобилниот телефон  071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодениод топлотниот бран.
Тимот на Црвен крст на град Скопје за заштита на планина, преку редовните дежурства за време на викендите и празниците на планинските спасителни станици Водно и Матка, ќе се вклучи во поддршка на граѓаните кои ќе ги посетат овие локации преку делење совети за заштита при движење во планина, превенцијаод шумски пожари како и пружање медицинска помошво случај на незгода.
Активностите на мобилните тимови на Црвен крст кои пружаат помош и поддршка на ирегуларните мигранти кои транзитираат низ нашата држава, ќе продолжат соредовна асистенција кон оваа ранлива група, со акцентна заштита од топлотен бран за лицата во движење.

Во целокупните активности за заштита од топлотен бран на територија на РСМ ќе бидат вклучени 200 обучени волонтери од кои 50 на територија на град Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.