Активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните на град Скопје при топлотен бран
Црвен крст на град Скопје, со низа активности, се вклучува во намалување на последиците од топлотните бранови со цел намалување на ранливоста на населението и подигање на свеста за навремено превенирање на последиците од високите температури.
Во рамките на теренските активности, 15 обучени волонтери на територија на град Скопје со 3 возила на Црвениот ќе бидат на терен и ќе патролираат на најфекфентните локации во градот (автобуски постојки, амбуланти, пазари…) во работните денови. Обучените волонтери ќе дистрибуираат информативни материјали/флаери со совети за заштита од топлотен бран, ќе поделат шишиња вода, по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок, а во интервентни случаи тимовите ќе врашат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови.
Во насока на грижата за здравствената и психофизичката состојба на бездомниците во градот Скопје, како една од најранливите категории граѓани, во Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток на располагање е мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.
Тимот на Црвен крст на град Скопје за заштита на планина, преку редовните дежурства за време на викендите и празниците на планинските спасителни станици Водно и Матка, ќе се вклучи во поддршка на граѓаните кои ќе ги посетат овие локации преку делење совети за заштита при движење во планина, превенција од шумски пожари како и пружање медицинска помош во случај на незгода.
Активностите на мобилните тимови на Црвен крст кои пружаат помош и поддршка на ирегуларните мигранти кои транзитираат низ нашата држава, ќе продолжат со редовна асистенција кон оваа ранлива група, со акцент на заштита од топлотен бран за лицата во движење.
Во целокупните активности за заштита од топлотен бран на територија на РСМ ќе бидат вклучени 200 обучени волонтери од кои 50 на територија на град Скопје.