2019-11-07
Активности со корисниците од центарот за церебрална парализа
Активности со корисниците од центарот за церебрална парализа
Во рамките на активностите поддржани од Komercijalna Banka AD Skopje волонтерите од клуб на млади при Црвен крст на град Скопје заедно со корисниците од центарот за церебрална парализа реализираа активности во насока на социјализација и дружење. Во Кинотека на Македонија го гледаа документарниот филм ,,Медена земјa’’.
А пак водени од изреката Во здраво тело, здрав дух повторно ја посетија теретаната во Sky Wellness, вежбаа и уживаа. Дружењето со волонтерите, но и самото тоа дека прават нешто поразлично придонесе корисниците да бидат среќни и весели.