Активности преку Твининг програма Скопје-Осло
Во рамките на Твининг програмата помеѓу Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Осло, во периодот од 16 до 19 април 2026 година, петчлена екипа од Црвен крст на Осло – оддел за пребарување и спасување – учествуваше на заедничка работилница организирана во Струга.
Домаќини на работилницата беа волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина при Цrвен крст на град Скопје. Во текот на активностите, гостите имаа можност да бидат дел од редовните активности на тимот, вклучувајќи презентации на опрема и практични демонстрации за дејствување на непристапен терен.
Од своја страна, гостите презентираа дел од сопствената опрема, начин на функционирање и организација на нивниот тим.
Работилницата овозможи сите волонтери да се запознаат меѓусебно, да разменат искуства и да стекнат нови знаења и вештини од различни области поврзани со пребарување и спасување.
