Пребарувај по датум:
2016-06-23

Активности на Црвен крст на град Скопје во летниот период

Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на град Скопје подготви акционен план кој опфаќа теренски активности во насока на справување со евентуални топлински бранови.

Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето. За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 40 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и 5 возила од кои 3 ќе патролират низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.

Од понеделник (20.06) до петок (24.06) по 2 мобилни тимови ќе излезат на терен и во периодот од 11:00-16:00 часот ќе патролира низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки.

На 22.06.2016 година, започна да функционира и СОС линијата на Црвен крст, за заштита од топлотен бран, на која граѓаните може да добијат совети за заштита на своето здравје во тек на летниот период. Телефонскиот број на кој може да се јават во периодот од 11:00-18:00 ч. е 3 221 902

Тимот за спасување на планина  при Црвен крст на град Скопје како и секоја година така и оваа активно се вклучува во активностите околу превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и пожарите. Волонтерите од  тимот, преку пропагандниот материјал ќе влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели и  во соработка со Шумска полиција  во од 01.06-31.08 се активни во давање на совети како да се заштитат од топлотниот бран и да им укажат Прва помош доколку е потребно.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.