2020-06-06
Активни и овој викенд
Мобилните тимови на Црвениот крст на град Скопје и 5-те Општински организации во Скопје и овој викенд активни. Денеска и вчера се поделени околу 160 пакети со храна и хигиенски производи на социјално ранливи семејства. Пакетите се поддршка од голем број на партнери и донатори, и во континуитет се дистрибуираат во изминатите три месеци согласно проценките на Црвениот крст и добиените списоци на Центарот за социјални дејности.
И овој викенд продолжи поддршката на Министерство за здравство преку доставувањена онколошка терапија за пациентите од Скопје, Тетово и Штип.