2013-03-07
91 НАСМЕВКА ЗА ДЕЦАТА ОД СЕЛАТА МАЛИНО, БРЕСТ И ТАНУШЕВЦИ
05 Март – Ден на радост за децата од с. Малино, с. Танушевци и с. Брест каде беа донирани 91 капа и шал, во чија изработка помогнаа Клубот на жени при ООЦК Чаир и корисниците на Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови.
Со донација на волница од „ТЕТЕКС“ беа изреализирани 8 работилници за плетење во просториите на дневниот центар во ООЦК Чаир , на кои вештината им беше пренесена на младите волонтери.
Освен тоа, беше донирана и помош во 10 прехранбени и хигиенски пакети и брашно, за 10 социјално најзагрозени семејства од горенаведените села, донирани од Фондацијата „Даути Комерц“.
Овие активности беа реализирани во рамките на еден од проектите на ЦКА-ПХВ од страна на младите на ООЦК – Чаир.