9-та ЦКА-ПХВ работилница
На 18.03.2021 се оддржа официјално деветата ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „Значење и настанување на човекови права (врсничко насилство) “. Учествуваа 165 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници. Од присутните кои ја пополнија евалуацијата во форма на анкета преку која се евалуира работилницата, 93% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 87% дека е многу интерактивна, и 93% се изјаснија дека работилницатае интересна.Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници. Некои од коментарите се: “Многу нови знаења “ , “Вистинска лекција за правата “, “Оваа работилница ми помогна да ги разбирам повеќе човековите права, да ги почитувам сите човекови права и да размислувам повеќе од правнички аспект!.”Продолжуваме заедно!