2023-03-09
8 Март во соработка со Sparkasse банка
Во рамки на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје во соработка со Sparkasse Bank AD Skopje се одбележа Меѓународниот ден на жената.
Корисниците имаа можност да слушнат за поволностите и услугите на банката како и лесно достапната комуникација која во иднина ќе ја имаат постојано. Настанот беше проследен со многу подароци, музика и забава.
Продолжуваме заедно и во иднина да градиме квалитетен и активен пристап кон животот во староста.