70 години Црвен крст на град Скопје
Оваа година Црвен крст на град Скопје одбележува 70 години од формирањето, 70 години раст и развој.
Низ годините активностите се менувале, но трагите за работата и ангажираноста на волонтерите и професионално ангажираните лица во Црвен крст, останати се во времето засекогаш. Во него се вградени активности и плејда професионално ангажирани лица и волонтери кои давајќи дел од себе градат организација која се темели на хуманост, безусловна помош и поддршка кон другите.
Во рамки на одбележувањето на големиот и значаен јубилеј, на 30.11 во просториите на театар Комедија се реализираше настан –театарска претстава која ја изведоа волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје по сценарио на Снежана Конеска Руси како и доделување на награди и признанија-јубилеен златен знак.
Ова признание му е доделено на г. Коце Трајановски (градоначалник на град Скопје), г. Ариф Мохамед (шеф на УНХЦР канцеларија), г. Живко Мукаетов (Алкалоид), г.Саит Саити (почесен претседател на Црвен крст на град Скопје и г. Деан Стојковски (волонтер).