2018-05-17
7 нови спасители во семејството на Црвениот крст
Во период од 24.04-01.05.2018 година Црвениот крст на град Скопје –Центар за безбедност на вода организираше курс за спасители на затворени води.
Курсот беше организиран во соработка со Олимписки базен. Обуката имаше цел, зголемување и зајакнување на капацитетите на Центарот за безбедност на вода за брз и ефикасен одговор на потребите на тимот пред летниот периодд, предстојните вежби и манифестаци што следуваат во 2018 година.
Од 10 кандидати кои учествуваа во курсот 7 кандидати се стекнаа со лиценца за спасител.