7.537 пациенти побарале помош од страна на волонтерите од Црвениот крст
Од едномесечно имплементирање на проектот „Водич во болница” во Kлинички центар “Мајка Тереза”, наjголема потреба од страна на волонтерите, имаше во клиника за интерни болести- 2.111 пациенти, клиника за хируршки болести-1.362 пациенти, клиника за гинекологија и акушерство-1.296 пациенти, клиника за инфективни болести и фебрилни болести-1.057 пациенти, клиника за радиотерапија и онкологија-703 пациенти, клиника за кардиологија-665 пациенти и клиника за детски болести-343 пациенти. Вкупно 7.537 пациенти побарале помош од старана на волонтерите на Црвен крст на град Скопје.
Проектот се спроведува во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Црвениот Крст на Град Скопје.
15 волонтерите во унифорни на Црвен крст, се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот Клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден.