Пребарувај по датум:
2010-05-28

65 години на црвен крст на град Скопје

На 26 мај 2010 година (среда) под покровителство на градоначалникот на градот Скопје, Црвен крст на град Скопје ја одбележа 65-годишнината од своето формирање.

По тој повод  беше организирана Свечена академија пропратена со пригодна програма во Кршумли Ан со почеток од 20 :00 часот, каде гостите имаа можност да проследат видео спот за промовирање на организацијата како и театарска изведба Сенки. На истата беа присатни и гости од Црвена полумесечина од Измир со кои Црвен крст на град Скопје потпиша меморандум за соработка, од Тирана, од Американска амбасада, гости од Општинските организации, бројни донатори, гости и пријатели и поддржувачи на хуманитарната работа на Црвениот крст на град Скопје.

Според организираната програма, во текот на денот, со почеток во 18:00 часот се организираше Показна вежба на Единицата за одговор при катастрофи на Црвен крст на РМ- Скопје 2010.
Вежбата се реализираше кај Камениот мост на р. Вардар, со сценарио земјотрес, спасување и евакуација на повредени и нивно згрижување, а во неа учествува Единицата за одговор при катастрофи на Црвен крст на РМ и скопските тимови за одговор при катастрофи.  Истата е поддржана од Министерството за Одбрана со вклучување на армискиот хелихоптер од кој следуваше спуштање на двајца планинари. На самиот мост беа поставени неколку повредени, меѓу кои и еден во потешка ситуација. Потоа следуваше згрижување на повредените. Во исто време спасителите на вода ги префрлуваа повредените од едната до другата страна од реката.

На 28 мај (четврток) по повод нашиот јубилеј, се организираше и крводарителската акција во компанијата Оне на која имаше 39 крводарувања за нивните вработени кои на овој чин ја покажаа општествената одговорност на својата компанија и своите вработени.

Црвен крст на град Скопје

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.