2012-07-14
6 автобуси со знак на Црвен крст
6 автобуси на ЈСП се избрендирани со знакот на Црвениот крст на град Скопје.
Автобусите цирклулират низ главниот град, преку Партизанска,
до Државна болница, до Козле и Радишани, Волково, Автокоманда и Чаир.
Голем број на нашите сограѓани ќе имат можност да ја видат рекламата на Црвениот крст преку која се истакнува важноста и значењето на Првата помош и Кампањата сите сме нивни деца-посебна програма за старите лица.
Ова претставува уште еден од начините на кој Црвениот крст на град Скопје ги промовира своите активности и на тој начин се обидува да ја поттикне свеста на граѓаните за одредени целни групи.