Пребарувај по датум:
2021-02-22

#5CKA-PHV ‘Комуникација и јавно говорење”

На 18 февруари се одржа петтата ЦКА-ПХВ онлајнработилница со насловКомуникација и јавно говорење “. Истата беше реализирана од ПХВ инструкторот КатеринаГиевска.

Таа на учесниците им ги презентираше начините на кој може дастанат подобри оратори и мотиватори.

Учествуваа 150 учесници, волонтери од различни ООЦК. Одприсутните кои ја пополнија анкета преку која ја евалуираработилницата, 94% се изјаснија дека работилницата е многукорисна, 87% се изјаснија дека работилницата е многуинтерактивна, 86% сметаат дека работилницата е многуинтересна.

Сите учесници би ја препорачале работилницата на своитеврсници. Некои од коментарите се: „Добив информацииподобри од очекуваното!“, “Сугестии и критики немам, самопродолжете со вакво темпо одлични сте “, “Прекрасно, научивповеќе за тоа како јавно да говорам и што всушност претставувакомуникацијата која прераснува во јавно говорење

Продолжуваме заедно!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.