40 години соработка со Црвен крст Нинберг
Тричлена делегација на Црвен крст на град Скопје, во состав Александра Ристовски, Зоран Николовски – поранешен претседател кој ја потпишал Повелбата за соработка пред 40 години, и Херби Елмази, оствари посета на Нирнберг, Германија, по повод 40 години од соработката помеѓу двете организации.
Во рамки на посетата беше организиран свечен настан со повеќе од 100 волонтери, професионалци, соработници и претставници на македонската заедница во Германија. Преку фотографии и обраќања беа одбележани четири децении пријателство, поддршка и заеднички активности.
Во своето обраќање, Александра Ристовски ја истакна долгогодишната соработка, потсетувајќи на поддршката по земјотресот во Скопје, семинарите и размените, како и заедничките активности за време на ковид-пандемијата и мигрантската криза.
На настанот, на делегацијата ѝ беа доделени плакета и пинови со логото „40 години соработка“.
Благодарност до Црвен крст Нирнберг за топлиот прием, прекрасната организација и долгогодишното пријателство.
